Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен,

Денеска во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод, официјално беше пуштена во употреба сензорна соба наменета за деца со попречност, опремена со поддршка на НЛБ Банка Скопје. Оваа донација се реализираше во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европска Унија.

Првата сензорна соба на територијата на Поречјето воопшто е опремена со поддршка на НЛБ Банка и се однесува на елементи за визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето за ученици со попреченост или образовни потешкотии. Истата е од голема важност за Македонски Брод и целиот регион и претставува значајна поддршка на образовниот процес и тимот на едукатори, рехабилитатори и образовни асистенти кои работат со учениците со атипичен развој и образовни попречености.

НЛБ Банка ја реализираше донацијата во соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, поддржувајќи го со ова повеќегодишниот проект за инклузивност и пристапност „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

„Сензорната соба е проект кој го реализиравме како дел од новогодишната кампања „Свет полн со добрина е свет полн со можности“ и е проект кој е во рамките на нашата стратегија за општествена одговорност. Образовниот процес е столб и основа за правилен раст и развој на децата, а создавањето услови за непречен образовен процес на децата со образовни попречености претставува значајна поддршка во раната интервенција кај специфичните развојни потреби. Ние во НЛБ Банка се залагаме за инклузивен свет и преку своето општествено одговорно делување помагаме во создавање амбиент на еднакви можности за сите“, истакнуваат од НЛБ Банка.


На денешниот настан во училиштето, присуствуваше и градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, кој во оваа прилика изрази благодарност до донаторите и истакна: „Како социјален работник пред сѐ, а потоа како градоначалник на Македонски Брод задоволство ми е бидејќи ја ставаме во употреба првата сензорна соба во нашиот крај. Сензорните соби се неопходни во интервенирањето во раниот детски развој, бидејќи со нив се стимулираат учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина. Во ова училиште имаме 13 деца со атипичен развој и уверен сум дека со вакви директни вложувања во подобрување на образовните услови ќе го унапредиме воспитниот и образовниот развој за сите деца, а со тоа ќе создаваме инклузивна клима во општината во која децата ќе имаат еднакви можности за раст и развој“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има цел да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост - стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование на децата.


„Како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија отвораме уште една сензорна соба, деветта по ред, со која го одбележуваме меѓународниот ден на поддршка на лицата со аутизам. Оваа сензорна соба ја реализиравме со поддршка на НЛБ Банка Скопје и претставува продолжување на веќе воспоставената соработка со оваа општествено одговорна компанија. Сензорните соби имаат за цел да ја подобрат поддршката за учениците со попреченост преку алатки за визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето, како и подобрување на фината и грубата моторика“, рече Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе