Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка донираше додатоци на исхраната во Дневниот центар за стари лица при Црвениот Крст на Град

Во рамки на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, НЛБ Банка обезбеди витамини, минерали, препарати против остеопороза и други неопходни додатоци на исхраната наменети за унапредување на здравјето на лицата во третото животно доба.

Донираните додатоци на исхраната се предадени на „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвениот Крст на Град Скопје, кој обезбедува грижа и здравствена заштита за повеќе од 1000 лица на месечна основа кои ги користат услугите во дневните центри за стари лица, како и за повеќе од 200 стари и изнемоштени лица во домашни услови.

 

Оваа донација е составен дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на Банката, преку која сакаме да обезбедиме поддршка за сите оние општествени групи на кои таа им е најнеопходна. Токму тоа беше и целта на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, во чии рамки веќе дониравме сензорна соба во основно училиште во Македонски Брод за децата и младите со образовни попречености, а сега ја реализираме и оваа помош за старите и изнемоштени лица. На ваков начин, ние во НЛБ Банка ја остваруваме нашата заложба за создавање инклузивен свет и амбиент на еднакви можности за сите“, истакнуваат од НЛБ Банка.

„Пандемија на Ковид-19 покажа дека токму старите лица се најранлива целна група на која им е неопходно постојана и засилена поддршка која ќе придонесе за подобрување на нивната здравствена состојба. Оваа донација од НЛБ Банка во форма на неопходни медицински додатоци доаѓа во вистинско време и претставува силна поткрепа на здравјето на овие членови на нашата заедница, за што ние и сите корисниците на социјалните услуги на Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови сме многу благодарни“, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе