Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка додели награди на училиштата со најдобри резултати во предизвикот за собирање пластичен от

Трите основни училишта кои во наградниот предизвик за собирање пластичен отпад во рамките на последниот „НЛБ Месец на штедење“ остварија најдобри резултати, деновиве и официјално ги добија своите награди од НЛБ Банка.

Станува збор за награди кои ги обезбедивме во консултација и на барање на училиштата со цел унапредување на условите за работа и наставно-образовниот процес.

Првонаграденото ОУ „Кирил и Методиј“ од Кочани, чии ученици собраа рекордни 930 кг. пластичен отпад добија 3 смарт табли, втората награда, 2 смарт табли, ја доби ОУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци за собрани 705 кг, а третата награда, фотокопир апарат, ја доделивме на ОУ „Блаже Конески“ од Велес кое во акцијата собра 584 кг.пластичен отпад.

За потсетување, во наградниот предизвик во рамките на „ НЛБ Месец на штедење“ училиштата ширум земјата собраа речиси 10 тони пластична амбалажа за рециклирање со што заедно со нив дадовме симболичен придонес кон заштитата на животна средина и одржливиот развој.

Се проценува дека со рециклирање на еден тон пластика се заштедуваат 7.200 киловат часови електрична енергија, што е доволно за нормално функционирање на едно просечно домаќинство цели седум месеци. Инаку, според статистиките, во светот на годишно ниво се генерираат околу 30 милиони пластичен отпад, што претставува повеќе од 12% од целокупното количество цврст отпад, а за да се разгради пластиката, потребни се од 500 до 1000 години. Со рециклирање на пластика се заштедува 80% од вкупната енергија која се користи за производството на нови пластични производи, процес кој е еколошки штетен заради употребата на нафта и други фосилни горива.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе
09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе