Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика з

За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година.

Виолетовата рамка за помош на НЛБ Банка беше наменета за промоција на најпогодените бизниси во ситуацијата со Ковид-19.  Проектот „НЛБ Рамка за помош“ имаше за цел да креира општествено одговорна активност која ќе им помогне на малите компании да „закрепнат“ од последиците од пандемијата, да се  „рестартираат“ и да го одржат својот бизнис. За секое избрано правно лице, Банката отстапи бесплатен рекламен простор и изготви соодветен рекламен пакет кој содржеше комбинација од различни медиуми за рекламирање во одреден временски интервал.

 

Наградата и признанието му беа врачени денеска на Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ на свечена церемонија во организација на Министерството за економија на Република Северна Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.  

 

„Ковид кризата силно ја погоди економијата насекаде во светот. Најпогодени од пандемијата беа микро и малите компании кои се соочија со намален обем на работа, неможност за исплата на плати, отпуштања на вработени и потреба од финансиска помош. Тоа, впрочем, беше и мотивот зад „виолетовата рамка“ на НЛБ која во двете пандемски години им даде поддршка токму на микро и малите претпријатија, обезбедувајќи им бесплатно рекламирање и промоција на нивните производи и услуги. Ние во НЛБ Банка сме исклучително горди на нашиот придонес во заедницата во која делуваме и поддршката која ја даваме во форма на спонзорства и донации и низа други проекти со широко општествено значење. Продолжуваме да работиме на полето на општествената одговорност, реализација на агендата и остварување на целите за одржлив развој, затоа што веруваме дека на таков начин можеме да го подобриме квалитетот на животот во заедницата и да придонесеме за одржлив економски, еколошки и социјален систем“. – истакнува Претседателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ.

Во рамките на проектот „НЛБ Рамка за помош” можеа да аплицираат сите правни лица- самостојни трговци, занаетчии, индивидуални земјоделци и микро и мали компании со регистрирана канцеларија или постојан престој во земјата.  Сите пристигнати апликации беа разгледувани од страна на комисија, а по направената евалуација, селекција и избор на оние претпријатија кои ги исполнуваа условите и критериумите, следеше фаза на подготовка на промотивните елементи, подготовка на медиумски планови за пласман, креирање дизајни за секоја компанија посебно, нивна продукција и промоција.

 

Инаку, во 2020 и 2021 година, со проектот „НЛБ рамка за помош“ беа опфатени повеќе од 180 микро и мали претпријатија. Благодарение на проектот, овие компании успеаја да го надминат најголемиот предизвик на пандемијата - како да допрат до своите потрошувачи, да ги пласираат своите производи и услуги, да останат конкурентни и видливи и на тој начин да го одржат својот бизнис, давајќи со тоа значаен придонес и кон одржливоста на кревката економија, силно погодена од Ковид кризата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе