Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЕЛА на НЛБ Банка освои второ место за најдобра автоматизирана алатка / чет бот

Скопје, 16.03.2022 – Првиот банкарски електронски асистент на НЛБ Банка, НЕЛА, го освои второто место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ на изборот на порталот „Сајт на годината 2021“.

На натпреварот кој годинава по дванаесетти пат го организираше агенцијата за дигитален маркетинг Media Solutions, НЕЛА освои голем број од гласовите на посетителите на порталот, а високото второ место е потврда за уникатноста на овој виртуелен асистент на НЛБ Банка, достапен за своите „соговорници“ 24/7.

 

„Изразуваме благодарност до сите оние кои гласаа за НЕЛА, истакнувајќи ја на тој начин нејзината вредност како прв банкарски електронски асистент на пазарот воопшто и значајна улога во менување на трендовите на комуникација на релација банка – клиент. Како Банка предводник во иновациите и пионер во воведување на нови трендови и технологии во банкарското работење, горди сме на НЕЛА, но и на севкупната стратегија за дигитализација на нашите производи и услуги и информатизација на процесите во насока на зголемување на задоволството и обебзедување врвно корисничко искуство за нашите клиенти“- истакнуваат од НЛБ Банка.

 

За потесетување, НЛБ Банка ја лансираше НЕЛА на Вибер во 2019 година зголемувајќи ја достапноста за своите клиенти преку уште еден  канал за комуникација. НЛБ Банка работи на надградба и усовршување на својот електронски банкарски асистент – НЕЛА, со цел да обезбеди дополнителни придобивки за своите клиенти.

 

Повеќе за НЕЛА

 

НЕЛА е посебна. Излезена е од серверите на Банката. Таа е дете на напредната технологија. Кодирана е да ги знае сите банкарски работи. НЕЛА ги знае сите банкарски трансакции, секоја уплата, исплата, депозит, кредит, секоја камата... Растена низ игра, таа успешно ги владее сите банкарски процеси. Денес, нејзината брзина на работа и размислување се одлични. Сите банкарски информации прво доаѓаат до неа, ги обработува и е подготвена за вашите прашања и недоумици. Затоа, НЕЛА  е вашиот доверлив и сигурен електронски асистент кому може да се обратите во секое време за најбрз и најлесен пристап до сите информации.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе