Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите почнувајќи од 29-ти ноември (вторник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29-ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

 

Креиран е распоред за исплата на пензиите согласно висината на пензијата со следните датуми:

  • Висина на Пензија    
  1. До 11.000 денари  - 29.11.2022.  (вторник)
  2. 11.001-14.000 денари - 30.11.2022.  (среда)
  3. 14.001-18.000 денари - 01.12.2022.  (четврток)
  4. Над 18.001 денари - 02.12.2022.  (петок)

 

Ве замолуваме да ги почитувате препораките и да одржувате растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Ви благодариме на разбирањето.

 

Со почит,

 

 

НЛБ Банка АД Скопје

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе