Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии – јануари

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 јануари (среда).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 јануари пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

  

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 јануари до 31 јануари и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
 

  • 26 јануари (среда) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27 јануари (четврток) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 28 јануари (петок) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 31 јануари (понеделник) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари. 
      

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 
 
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.1. – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе
31.03.2026

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт - прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие момен...

Прочитај повеќе
27.03.2026

НЛБ Банка: Создаваме подобар свет - Лидерскиот состанок во Охрид започна со општествено одговорна акција

Прочитај повеќе