Информација за исплата на дивиденда
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...
Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 30.08.2022 година (вторник).
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 30.08.2022 пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 30 август до 02 септември, и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 30.08. – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Cоопштенија за јавноста
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...
НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...