Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии Април

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 април (вторник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

  

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 април до 29 април и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

 

  • 26 - ти април  (вторник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27 - ми април (среда) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 28 - ми април (четврток)  2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 29 - ти април (петок)  2022 година, пензии со висина над 18.001 денари.

 

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 
 
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.4. – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве замолуваме да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе