Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари.

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период.

За потсетување, на почетокот на март годинава НЛБ Банка започна промотивна кампања за НЛБ Станбените кредити со фокус на млади, со цел да даде поддршка и да го олесни купувањето на нов дом на помладата категорија клиенти кои носат важна животна одлука и се одлучуваат да ја започнат својата станбена приказна.

 

Право на учество во наградната игра имаа сите полнолетни лица на возраст до 40 години. Извлекувањето на 50-те среќни добитници се изврши на 15.6.2022 година, а добитниците се објавени на веб страницата на НЛБ Банка на следниот ЛИНК.

   

Инаку во моментов, во НЛБ Банка тече промотивна кампања на сите кредитни продукти за физички лица. Клиентите кои ќе одлучат да купат нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ кредитите - без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка (за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка).

 

Подетални информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе