Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Бранко Грегановиќ - нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.

   

На позицијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15% до 20%. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки - Комерцијална банка Белград.

НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција. Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐ на проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница“, вели меѓу другото Бранко Грегановиќ, во својата прва изјава по стапувањето на функцијата.

   

   

Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе