Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Во наградниот предизвик на НЛБ Банка училиштата собраа речиси 10 тони пластична амбалажа за рециклир

Во наградниот предизвик за собирање на пластична амбалажа за рециклирање, кој НЛБ Банка Скопје го организираше по повод „Месецот на штедење“, основните училишта ширум земјата собраа 10 тони пластика која понатаму е испратена на рециклирање.

Во едномесечната акција на НЛБ Банка Скопје, која се одвиваше од 27 септември до 25 октомври 2021, се вклучија вкупно 70 училишта на територијата на целата земја, од кои 34 во Скопје, а 36 во останатите градови ширум државата. Акцијата во Скопје се реализираше во соработка со Пакомак, а во градовите низ земјата со поддршка на локални постапувачи со отпад и јавните комунални претпријатија кои беа задолжени за мерење на собраниот отпад и транспорт до колективните центри за складирање и рециклаж.

 

Трите основни училишта кои во текот на акцијата собраа најмногу пластичен отпад, НЛБ Банка Скопје ги наградува со парични средства наменети за унапредување на условите во училиштето и наставно-образовниот процес. Согласно евиденцијата на количина собрана пластика, првата награда во висина од 3.000 евра ја доби ОУ „Кирил и Методиј“ од Кочани, со собрани 930 кг. втората награда од 2.000 евра ја доби ОУ „Тошо Велков Пепето“ од Кавадарци, со собрани 705 кг, а третата награда од 1.000 евра е доделена на ОУ „Блаже Коневски“ од Велес, со собрани 584 кг.

Годинава, НЛБ Банка одбележа 10 години од отпочнување на проектот „НЛБ Месец на штедење“, посветувајќи го јубилејот на темата „Да ја сочуваме нашата планета“, што во целост кореспондира со заложбите и активностите на Банката за општествено одговорно делување, заштита на животна средина и одржлив развој. Една од целите во годинешната акција беше да се сврти вниманието на јавноста колку е важно децата уште од најрана возраст да научат да селектираат отпад и да рециклираат и на тој начин да придонесат кон зачувување на животната средина и природните ресурси.

 

НЛБ Банка Скопје изразува благодарност до сите основни училишта и учениците кои се вклучија во акцијата и со својот придонес помогнаа во остварување на овој извонреден резултат - селектирани и рециклирани 10 тони пластика. За илустрација, се проценува дека со рециклирање на еден тон пластика се заштедуваат 7.200 киловат часови електрична енергија, што е доволно за нормално функционирање на едно просечно домаќинство цели седум месеци.

 

Инаку, според статистиките, во светот на годишно ниво се генерираат околу 30 милиони пластичен отпад, што претставува повеќе од 12% од целокупното количество цврст отпад, а за да се разгради пластиката, потребни се од 500 до 1000 години. Со рециклирање на пластика се заштедува 80% од вкупната енергија која се користи за производството на нови пластични производи, процес кој е еколошки штетен заради употребата на нафта и други фосилни горива.

 

Остварени резултати од акцијата за собирање на пластичен отпад 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе