Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Вaшата банка секаде со Вас со НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица

Eлектронското банкарство за правни лица полека но сигурно станува императив и синоним кој го карактеризира модерниот начин на работење на бизнисите. НЛБ Банка ги следи современите начини на работење и ги овозможува овие услуги преку НЛБ мПроклик - мобилното и НЛБ Проклик - електронското банкарство за правни лица.

Електронското плаќање несомнено ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите и помага во рационално организирање на времето, како и заштеда на средствата. Директно преку мобилен телефон или компјутер во секое време и на секое место клиентите можат да ги реализираат сите потребни банкарски трансакции за својата фирма, без потреба да чекаат ред во експозитура. Дополнително, од аспект на трошоците, електронските налози се од 50 до 70% поевтини отколку хартиените налози.

    

Со цел поголема достапност на овие канали до правните лица, НЛБ Банка во месец септември спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик - електронското и НЛБ - мПроклик мобилното банкарство за правни лица.

Во рамките на промотивната понуда, сите правни лица кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик до 30 септември ќе го добијат Проклик мини пакетот без надомест за месец септември и октомври и ќе можат да ги реализираат сите електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври.

   

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство клиентите – правни лица имаат постојан увид на состојбата и прометот на своите сметки и можат самостојно да ги извршуваат банкарските трансакции брзо и едноставно.

 

Дополнително преку НЛБ Проклик клиентите имаат можност за преглед на кредитите и директно плаќање на обврските, како и можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење. Освен ова, НЛБ Проклик на клиентите им овозможува  директен контакт со  Банката во било кое време , како и можност да добиваат известувања за новитетите и персонализираните понуди од Банката.

  

Повеќе информации може да се добијат на телефонски број 02/ 15 600, во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе