Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед

Во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година НЛБ Банка води промотивна кампања за НЛБ Pay мобилниот паричник пришто корисниците ќе добијат можност оваа пролет да се подноват со нов градски велосипед.

Во рамки на кампањата Банката еднаш неделно ќе доделува велосипед на корисникот кој во изминатата недела направил најголем број на трансакции со НЛБ Pay – мобилниот паричник. На веб страницата и на социјалните мрежи на Банката, почнувајќи од 23 април, секој петок, во период до 30 мај ќе биде објавуван најактивниот НЛБ Pay корисник за изминатата недела.

         

НЛБ Pay е мобилна апликација наменета за физички лица корисници на Mastercard и VISA платежните картички која овозможува плаќање директно преку мобилен телефон. Овој сервис преку дигитализација на Mastercard и VISA платежните картички нуди современ и софистициран начин на плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство за разлика од конвенционалниот начин на плаќање со платежните картички. Плаќањата се извршуваат брзо, едноставно и бесконтактно, со што Вашиот мобилен телефон се претвора во виртуелен паричник. Услугата е достапна за сите клиенти кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем и NFC технологија. 

     

Со оваа акција на НЛБ Банка плаќањето со мобилен телефон тукушто стана повозбудливо бидејќи на клиентите им отвора можност да се подноват со нов велосипед и да ги освојат градските улици.

    

Повеќе информации за услугата можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе