Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Отсега услугите НЛБ мКлик мобилното банкарство достапни за лицата со оштетен вид

НЛБ Банка во соработка со софтверската компанија Asseco SEE направи значајни подобрувања на функционалностите на постоечката НЛБ мКлик апликација благодарение на кои таа отсега е достапна за употреба од страна на лицата со оштетен вид.

Со новите подобрувања на НЛБ мКлик мобилното банкарство, апликацијата е прилагодена да биде читлива за функционалноста “вграден гласовен читач” кој треба да е инсталиран и достапен на самиот мобилен телефон на корисникот. На овој начин клиентите со оштетен вид, отсега, ќе можат непречено да имаат увид во сите свои сметки, да ги извршуваат сите банкарски трансакции, да ги ажурираат своите податоци, да аплицираат за мобилен кредит - едноставно и дигитално благодарение на гласовниот водич. Оваа функционалност која е единствена на пазарот, придонесува на подигнување на квалитетот на живеење на лицата со оштетен вид, овозможувајќи самостојно користење на банкарските услуги во секое време и секое место.
 

„Навистина сме горди на ова подобрување бидејќи за првпат во нашата земја се воведува ваков тип на услуга каде мобилното банкарство е достапно за клиентите со оштетен вид. Благодарение на современите технолошки придобивки успеавме да го поддржиме гласовниот читач кај телефоните, со што банкарските трансакции отсега можат да се реализираат преку мобилното банкарство следејќи ги гласовните инструкции. На овој начин, заедно со нашиот партнер Asseco SEE, ја подигнуваме достапноста на банкарските услуги за сите клиенти, со што ја потврдуваме позицијата на општествено одговорни компании. Исто така би сакале да укажеме благодарност и до „Сојузот на слепи лица” кои несебично ги споделија со нас предизвиците со кои тие се соочуват како и потребите за надминување на истите.“- изјавија од Банката.
 

Како што известуваат од Банката, дигатилизацијата како еден од нивните стратешки приоритети ќе продолжи да се развива со забрзано темпо и во иднина, со цел да се зајакне и зголеми достапноста на нивните продукти и услуги до крајните корисници. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе