Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка во соработка со Кроација Живот воведе прв и единствен продукт за животно осигурување

Животното осигурување станува се позначајна придобивка особено кога се работи за обезбедување на дополнително сигурносно покритие при користење на некој од НЛБ кредитните продукти.

Имајќи ја грижата за своите клиенти во фокусот на работењето, а со цел овозможување  на дополнителни придобивки при користење на банкарските продукти, НЛБ Банка и Кроација осигурување Живот воведоа нов и единствен продукт за животно осигурување на пазарот – „Сигурност плус“.

Новиот продукт, како што и самото име кажува, во себе интегрира повеќе поволности и нуди низа придобивки, а клиентите добиваат дополнителна сигурност преку осигурувањето на живот, и осигурувањето од незгода кои се дел од продуктот. „Сигурност плус“ осигурувањето е достапно ексклузивно само во врзана продажба со НЛБ потрошувачките кредити и нуди поголема достапност на животното осигурување за сите клиенти корисници на потрошувачки кредити преку брзиот и лесен пристап во осигурувањето без пополнување на здравствени прашалници и без вршење на дополнителни лекарски прегледи. Исто така, корисниците на ова осигурување ќе имаат олеснето плаќање на премијата за осигурување, преку месечните рати со кредитот, а износот на осигурената сума останува ист до крајот на отплата на кредитот (не се намалува со отплатата на кредитот). Како дополнителна придобивка, покрај животно осигурување, „Сигурност плус“  во себе вклучува  и осигурување од незгода со покритие за повреди и траен инвалидитет, а клиентите ќе имаат можност да одберат и премиум пакет со покритие за операции.

 

Со воведувањето на овој продукт во соработка со нашиот партнер Кроација осигурување Живот, правиме голем и значаен исчекор во поглед на достапноста на животното осигурување, како и понуда на низа поволности за клиентите, единствени на пазарот. Ја зголемуваме свесноста за бенефитите кои ги нуди животното осигурување, овозможувајќи поголема удобност и сигурност при отплатата на кредитите. Препознавањето на оваа придобивка кај клиентите сè повеќе се зголемува, а соодветно на тоа се зголемува и побарувачката за овие кредити.“, - изјави Љупка Ѓорѓиевска, Директор на сектор за развој на понуда и маркетинг.

 

„Сигурност плус“  е плод на повеќегодишна успешна соработка меѓу двете компании и е базиран на искуството од продажбата и конкретните барања на клиентите кои се сублимирани во рамките на овој нов продукт.

 

„Создавањето на заедничка понуда, што ги вклучува најбараните производи од банкарскиот и осигурителниот сектор е со цел да се овозможи поволен производ што одговара на потребите и барањата на граѓаните и претставува значајно збогатување на понудата на финансиски производи на македонскиот пазар и отвора можности за дополнителен развој во овој сегмент“ вели Маја Станковска Костова, Генерален директор на Кроација осигурување Живот.



Новиот продукт за животно осигурување „Сигурност плус“,  има за цел да го зголеми користењето на животното осигурување, да ја подигне свесноста кај клиентите за важноста на нивната финансиска сигурност, односно, клиентите да не го чувствуваат осигурувањето како товар, туку како бенефит и додадена вредност.

 

Повеќе инфомрации за оваа кредитна понуда на НЛБ Банка и продуктот за животно осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе