Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка во соработка со Генерали Инвестментс воведува нов производ - продажба на удели од инвестиц

Скопје, 9.12.2021 - НЛБ Банка Скопје во соработка со друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје го проширува своето портфолио на небанкарски финансиски производи и услуги и започнува со продажба на удели од инвестициски фондови со кои управува друштвото.

Со воведувањето на новиот производ, НЛБ Банка го надополнува концептот на „one stop shop“, односно финансиски супермаркет кој нуди сеопфатно финансиско советување и богата понуда на финансиски производи и услуги на своите клиенти.

 

Соработката помеѓу двете компании беше одбележана со донација за младиот математички гениј Дамјан Давков од Штип кому неодамна Советот на Општина Штип му го додели највисокото општинско одличје, наградата 8-ми Ноември. Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир, Претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар и Главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје, Лазе Камчев, на Дамјан симболично му врачија вредносен ваучер од 3.000 евра, средства кои ќе се вложат во удели во Генерали Топ Брендови, со цел остварување дополнителен принос кој тој, во иднина, ќе може да го искористи за свое школување и доусовршување.

„НЛБ Банка во континуитет воведува нови и иновативни производи, истовремено овозможувајќи софистициран и напреден консалтинг и оптимално управување со средствата на клиентите преку производи кои соодветствуваат со нивните моментални потреби и обезбедуваат идна финансиска стабилност. Тргувањето со удели од инвестициски фондови е една од најбрзо растечките финансиски активности во нашата земја, а дополнително, по стабилизирање на состојбата со пандемијата и последователно, домашната и светската економија, се очекува уште поголем и позабрзан раст на оваа индустрија во иднина. Со овој производ НЛБ Банка Скопје ја заокружува понудата на небанкарски финансиски производи и со тоа се изедначува со понудата на западноевропските банки нудејќи широки можности за клиентите, сеопфатно финансиско советување и пристап до низа инструменти кои можат да одговорат и на покомплексните потреби на клиентите и остварување на нивните очекувани финансиски цели.“ – истакна Антонио Аргир, Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје кој во оваа прилика упати честитки до Дамјан и неговото семејство и изрази уверување дека уделите од инвестицискиот фонд ќе му донесат на Дамјан принос, кој ќе му овозможи достојна едукација во иднина.

Претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар ја поздрави соработката помеѓу двете компании и во оваа прилика изјави: „Ја негуваме соработката со НЛБ Банка Скопје и ја препознаваме Банката како важен деловен партнер. Силно веруваме во синергија и јас сум уверен дека ова е само почеток за понатамошен заеднички локален и меѓународен раст и проширување на производите што ги нудиме. Ќе се осмелам да кажам дека сме најдобри во она што го работиме“.  

 

„Најнапред, би сакал да се заблагодарам на НЛБ Банка Скопје за соработката, визионерскиот поглед на менаџментот за иднината на финансиските производи и сеопфатниот пристап кон потребите на клиентите. Заедно со НЛБ Банка Скопје градиме силно партнерство и уверени сме дека оваа соработка ќе обезбеди посебен пристап и понуда од која корист ќе имаат постојните и идните клиенти. Уверен сум дека нашите производи, отсега достапни во сите експозитури на НЛБ Банка Скопје, се додадена вредност на понудата на Банката бидејќи инвестициските фондови стануваат сè поважен штеден и инвестициски производ“ - истакна Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Дел од производите кои се предмет на оваа соработка се: продажба на удели во акциски фондови со еднократна уплата, продажба на удели во акциски фондови со програмирана уплата, продажба на удели во парични фондови - наменето за правни лица, како и продажба на удели во инвестициски депозит. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе