Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки.

Имено, во периодот од 1 до 31 декември клиентите ќе можат да аплицираат за потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување. Дополнителна придобивка е бесплатната НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка, одобрена со секој НЛБ Потрошувачки кредит.

Покрај промотивните поволности, една од главните клиентски придобивки на потрошувачките кредити на НЛБ Банка е нивната достапност, како и брзата и лесна постапка за нивно одобрување.

 

Фокусирани на унапредување на процесите и обезбедување на врвно корисничко искуство, сите НЛБ Потрошувачки кредити отсега се достапни само со лична карта, без дополнителна документација, а исплатата на средствата се врши веднаш, односно за времетраење на посетата на клиентот на Банката. Понудата се однесува за сите приматели на плата и пензија во Банката. 

    

Во текот на месец декември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица до крајот на годината, при што истите се без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот.

 

За кредитните продукти и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk  или преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе