Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица и во текот на месец јули

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица во период до 31.07.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во рамките на кампањата клиентите ќе имаат можност за време на летото да ги искористат промотивните услови за кредитите и да ги реализираат своите планови и желби – да одат на патување, да реновираат или пак да купат нов стан и куќа.

Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 месеци и дополнително, да добијат НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка која овозможува поврат на средства за секоја безготовинска трансакција до 10%.

 

Доколку клиентите одлучат да зачекорат во нова станбена приказна и аплицираат за НЛБ Станбените кредити, можат да ја искористат можноста да аплицираат за кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити Банката нуди бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија

 

За кредитните продукти на НЛБ Банка и за промотивната понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе