Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до крајот на декември

НЛБ Банка во периодот од 1.11.2021 до 31.12.2021 година подготви промотивнa кампања за сите кредити за физички лица. Ова е одличен момент за долгорочна инвестиција за клиентите кои се подготвени оваа есен да зачекорат во нова среќна приказна и сакаат да го преуредат домoт или да купат нов стан или куќа и да ги искористат поволностите на НЛБ потрошувачките или станбени кредити.

Имено за време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

 

Дополнително во овој период за секој НЛБ Потрошувачки кредит клиентите ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

 

Клиентите кои ќе се решат да купат нов стан или куќа ќе можат да ги искористат поволностите за НЛБ Станбените кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на  бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.
 

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе