Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Во периодот од 01.02.2021 до 28.02.2021 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица.

Во рамки на промотивната понуда кредитите за физички лица се нудат без трошоци за одобрување, додека за сите станбени и хипотекарни кредити за кои треба да се изврши проценка на имот, нема да се наплатуваат трошоци за проценка. Клиентите можат да ја искористат промотивната понуда и зависно од своите потреби да аплицираат за НЛБ Потрошувачки кредит кој е со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци или пак за НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка од 10 години.

  

Дополнително, за секој одобрен потрошувачки кредит клиентите ќе добијат НЛБ haPPy револвинг кредитна картичка. Станува збор за MаsterCаrd бесконтактна картичка со меѓународна важност која овозожува остварување на cashback во висина до 10% од износот на трансакцијата при секое купување со картичката( во земјата и странство).

  

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе