Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со понуда за доброволно приватно здравствено осигурување во соработка со САВА Осигурување

НЛБ Банка повторно ја прошири својата понуда на осигурителни продукти и во соработка со Сава осигурување воведе приватно здравствено осигурување, со што ја потврдува позицијата на лидер и предводник на пазарот во Банкоосигурување.

Грижата за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски е најзначајна, па со  овој продукт, на клиентите ќе им се овозможи користење на посебно креирани пакети за  ефикасна здравствена заштита. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу стандарден и премиум пакет во зависност од сопствените потреби и можности, кои овозможат различни покритија и ги покриваат трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата.

„Со воведување на овој продукт во соработка со нашиот долгогодишен партнер Сава осигурување ja доближуваме врвната здравствена заштита до сите клиенти, особено во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на нашето секојдневие. Благодарение на поволните здравствени пакети кои ги нудиме, приватното здравствено осигурување станува подостапно до сите кои сакаат најдобро решение за потполна здравствена заштита, а прегледите да ги закажуваат брзо и без чекање. “ изјавија од Банката.

 

Во врска со оваа понуда од Сава осигурување изјавија: „Дополнителното здравствено осигурување е осигурителен продукт за коj нашите клиенти покажуваат значително голем интерес. Следејќи ја нашата долгорочна стратегија, се одлучивме да го доближиме овој производ поблиску до нашите клиенти, со цел подобро да одговориме на нивните потреби. Овој продукт овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи. Отсега ќе биде достапен во сите експозитури на нашиот долгогодишен  партнер НЛБ Банка“.

 

Со проширување на палетата на осигурителни продукти и со доброволното приватно здравствено осигурување, Банката продолжува во проширување на својата продуктна понуда со цел овозможување сеопфатен сервис на сите финансиски услуги и целосно опслужување на клиентите.

 

Повеќе информации за оваа понуда на НЛБ Банка и Доброволното приватно здравствено осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе