Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со поддршка во финансирање на првиот приватен ветeрен парк „Богословец“

НЛБ Банка и Виза се Генерални спонзори на најновото филмско остварување „Кајмак“ на познатиот македонски филмски режисер и сценарист Милчо Mанчевски кое започнува да се снима на почеток на јули годинава.

Проектот предвидува изградба на ветерна централа со капацитет од 36MW. Планирано е да бидат поставени осум ветерни турбини на локацијата во близина на с. Богословец, а реализацијата се очекува да биде завршена до средина на 2023 година.

Вкупниот износ на синдицираниот заем изнесува 51 милион евра, додека учеството на НЛБ Банка АД Скопје е во висина од 7 милиони евра. Преку оваа инвестиција, Банката дава свој значаен придонес во реализирање на целите на земјата за зголемено учество на обновливи извори на енергија во производството на електрична енергија.

 

„Нашето учество во овој синдициран заем е од големо значење, посебно што НЛБ Банка како дел од НЛБ Групацијата континуирано работи во насока на приближување кон глобалните принципи на Обединетите нации за одговорно банкарство. Со поддршка на овој проект ја интензивираме нашата работа во областа на одржливоста и преку систематски и аналитичен пристап имаме можност позитивно да влијаеме врз животната средина. Нашата определба е јасна и во насока на поддршка на деловни активности и субјекти со локален и меѓународен опсег, кои функционираат во рамките на нашето општество и ја имаат разбрано нивната улога во контекст на одржливост.“ велат од НЛБ Банка.

 

  

Како системски значајна институција, Банката има можност вистински да влијае на околината во која работи со цел да даде свој значаен придонес во мисијата да се подобри квалитетот на животот на територијата во чии рамки функционира НЛБ Групацијата. Имајќи го ова предвид Банката и во иднина ќе продложи да ги поддржува проектите кои се однесуваат на обновливи извори на енергија, енеретски ефикасните проекти и проекти за намалување на CO2.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе