Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“

Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започнa промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг.

Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, а во насока на промоција на одржливоста и еколошкиот пристап во работењето и заштита на животната средина, во кампањата која Банката ќе ја реализира во текот на декември се ставапосебен акцент на дигитално дадена изјава за согласност, без користење на хартиени формулари, како и на информирање од страна на Банката за сите новини и поволности преку дигиталните канали.

 

За таа цел, за секоја дадена изјава преку онлајн формата на веб-страницата на Бaнката www.nlb.mk вo текот на месец декември 2021 година, Банката ќе обезбеди по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој летово беше зафатен со големите шумски пожари.

 

Покрај дигиталниот начин, на што секако се дава предност,  клиентите можат да ја дадат својата изјава за согласност и на телефонскиот број 02/15 600 или во најблиската експозитура.

 

За потсетување, НЛБ Банка поттикната од серијата пожари кои летово предизвикаа огромна  штета на шумскиот фонд во земјата, во септември годинава донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово, која беше посочена како неопходна за превенција и справување со пожари.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе