Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со финансиско советување за осигурителни продукти и пензиско осигурување пред своите експозитури

НЛБ Банка во соработка со своите повеќегодишни партнери Сава осигурување, Кроациа осигурување Живот и Сава пензиско друштво организира караван за финансиско советување пред експозитурите на Банката, во период од 17ти мај до 11ти јуни.

Караванот има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за осигурителните продукти и услуги од двата сегменти на животното и неживотното осигурување, а воедно и подигнување на свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

Преку различни промотивни и едукативни активности кои ќе се одржуваат пред повеќе експозитури на НЛБ Банка во Скопје и низ останатите градови во државата, клиентите ќе можат да добијат целосни информации и одредени промотивни поволности за Доброволното приватно здравствено осигурување од Сава осигурување и останатите осигурителни полиси од сегментот на неживотното осигурување. Исто така, ќе можат да се информираат и советуваат за продуктите на животното осигурување од Кроациа осигурување Живот, како што се Индивидуалното осигурување на живот, Коко детско штедното осигурување, Ризико осигурување на живот (за кредитокорисници) и други. Дополнително, со свои промотивни тимови ќе бидат присутни и Сава пензиско друштво каде членовите и клиентите ќе можат да се информираат за сите прашања во делот на капиталното финансирано пензиско осигурување, да добијат понуди за

 

Доброволното пензиско осигурување прилагодени според нивни можности и преференции и да се информираат за дигиталните алатки на Сава пензиско друштво.

    

За местото и времето на одржување на промотивните активности на Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување.  Распоредот на караванот можете да го погледнете тука     

    

НЛБ Банка како водечка банкарска институција овозможува сеопфатна понуда за клиентите со која тие добиваат банкарски и осигурителни продукти на едно место. Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти во организација на Банката ќе придонесе кон поголема финансиска писменост и едукација на клиентите за полесно носење на финансиски здрави одлуки и поквалитетно и посигурно живеење.  

    

Повеќе информации за караванот можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе