Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со Развојна Бан

Со цел да придонесе кон зголемување на понудата на поволни кредити за основни и обртни средства преку користењето на поволностите на Гарантниот фонд од Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ), НЛБ Банка Скопје потпиша Договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд со РБСМ.

Со ова НЛБ Банка Скопје се вклучува во државната гарантна шема за поддршка на развојот на домашните компании, преку гарантирање на дел од колатералот по одобрените кредити.

 

Кредитите ставени под портфолио гаранција се наменети за основни или обртни средства за микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост и истите можат да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари. Рокот на отплата на кредитите под гаранција може да биде од една до максимум осум години (за основни средства) и до три години (за обртни средства) со можност за вклучен грејс период до една година. Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.

 

Инаку, Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе