Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка повторно со поддршка на микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

НЛБ Банка оваа година, по вторпат го спроведува проектот НЛБ Рамка за помош, согласно позитивното искуство од минатата година, а со цел поддршка на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од Ковид кризатa.

Станува збор за иницијатива која веќе имаше своја успешна реализација во текот на минатата година, а која е всушност одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови предизвикани од пандемијата. Со проектот НЛБ Рамка за помош, НЛБ Банка им овозможува на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги низ различни медиуми. Исто така за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности и придобивки од областа на електронската трговија.

 

 

Со НЛБ Рамка за помош, Банката всушност им овозможува на микро и малите претпријатија полесно да ги надминат последиците од кризата, односно индиректно да ја зголемат својата продажба и да го вратат нормалниот тек на работење. Ова е уникатен проект кој се одвива во рамките на сите банки членки на НЛБ Групацијата, при што и оваа година помошта е координирана и заедничка со останатите членки на едно пошироко и регионално ниво. Во 2020 година, во рамките на НЛБ Групацијата земаа учество повеќе од 270  компании, а целта е овие бројки двојно да се зголемат годинава.

„Изминатата година, нашата земја како и целиот свет се соочи со исклучително тешки предизвици, пришто работевме во услови на голема неизвесност. Иако пандемијата сè уште нè става на тест и очигледно е дека заздравувањето ќе оди етапно и споро, неопходно е секој од нас да го преземе својот дел од одговорноста во остварувањето на оваа важна задача. Борбата за заживување на економијата е борба за квалитетот на животот на сите граѓани, а ние во финансискиот сектор можеме и мораме да играме важна улога во таа борба.Горд сум што уште минатата година поддржавме 100 избрани микро и мали бизниси и креиравме 350 уникатни реклами, помагајќи им да го водат бизнисот за време на Корона кризата кога беше најтешко. Поучени од ова позитивно искуство, како и поради големата заинтересираност и барања од микро и малите претпријатија и оваа година ја спроведуваме НЛБ Рамката за помош, со цел да им помогнеме на фирмите да го пребродат овој тежок период“, вели Антонио Аргир, претседател на Управниот одбро на НЛБ Банка АД Скопје.

  

Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваков тип на поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката (www.nlb.mk) во периодот од 20 април до 10 мај. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација. Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 21.06.2021 година до 30.09.2021 година.

 

Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе