Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка по петти пат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2020 година ја доби петтата награда по ред за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.

Europe Banking Awards веќе тринаесет години ги препознава и наградува достигнувањата на банките во регионот, а организатор на овие награди е ЕМЕА – реномираниот финансиски магазин чија уредничка визија е да биде „независен глас“ на финансиската заедница.


Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат на способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.

НЛБ Банка успешно се справи со сите предизвици кои беа наметнати минатата година од глобалната пандемија и притоа оствари извонредни финансиски резултати.

 

Во текот на изминатата година НЛБ Банка ја унапреди својата понуда преку воведување на нови иновативни продукти, како што се брзите плаќања и кредитите преку мобилен телефон и значително го зголеми користењето на дигиталните канали. Исто така ја покажа својата општествена одговорност преку низа донации и спонзорства наменети за подигнување на општото добро, со истовремена безрезервна фокусираност кон своите клиенти со цел поддршка за нивно полесно справување со последиците од кризата. Како резултат на тоа, следеа одлични финансиски резултати, проследени со високо ниво на корисничко задоволство и перцепција на брендот.    .

  

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, што се должи на континуираните продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во дигиталните канали. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе