Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка оствари уште една успешна деловна година

Според резултатите објавени на Годишното акционерско собрание, кое се одржа на 29-ти април 2021 година, НЛБ Банка АД Скопје ja заокружи една од најтурбулентните години со одлични резултати, и остварена нето добивка од 27,7 милиони евра.

За НЛБ Банка АД Скопје, годината која измина несомнено беше исклучителна со многу промени и предизвици поради Ковид-19 пандемијата која за многу кусо време направи сериозни поместувања, и тоа не само во економијата, туку и во секоја сфера на општественото живеење. НЛБ Банка како една од водечките финансиски институции соодветно одговори на наметнатите предизвици остварувајќи успешни резултати, при тоа зголемувајќи го и одржувајќи го пазарното учество во различни сегменти од банкарското работење.

Изминатата година Банката оствари нето добивка во износ од 27,7 милиони евра додека реализираниот поврат на капиталот РОЕ изнесува 14,9%. Вкупната актива достигна 1.569,8 милиони ЕУР или 9,5% повеќе во однос на 2019 година како резултат на растот на депозитите за 9,9%, додека кредитите пораснаа за 6,1% предводени од сегментот население. Учеството на нефункционалните пласмани се намали на 4,2% во вкупното кредитно портфолио, додека адекватноста на капиталот на Банката изнесуваше 15,7%. Учеството на оперативните трошоци во вкупните нето приходи изнесува 42,6% додека учеството на некаматните приходи во вкупните нето приходи изнесува 35,1%.         

 

Како признание за успешното управување во вонредни кризни услови поткрепено од посветеноста и подготвеноста на вработените во Банката се и добиените награди и признанија. Во текот на годината НЛБ Банка беше наградена со признанието за „Најдобра банка во Македонија“, во рамките на „European Business Awards“ од финансискиот магазин „ЕМЕА Finance“, признание за „Најдобра банка“ во категоријата „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“, како и признанието од Управата за јавни приходи за висок степен на даночна култура во 2020 година.
 

Собранието на денешната седница ја одобри работата на членовите на Надзорниот и Управниот одбор на Банката за 2020 година.

Воедно беше усвоена одлука за реименување на членови на Надзорен одбор: Блаж Бродњак, Борут Вујчич и Кристина Ковачич Бјелајац и одлука за именување на нов член на Надзорен одбор – Андреја Стражишар. Одлуките ќе стапат на сила по добивање на согласност од Гувернерот на НБРСМ.
 

Во однос на активностите за 2021 година, Банката најави дека ќе остане силно посветена на поддршка на најпогодените сектори за излез од кризата. Фокусот на Банката и понатаму ќе биде кредитирање на населението и претпријатијата. Ќе продолжи да ги поддржува клиентите во проектите за рестартирање на бизнисите и реализација на инвестициони активности и ќе работи на поголема достапност и поедноставување на банкарските услуги и софистицирано и современо корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.  Исто така во периодот кој следи Банката ќе продолжи да биде сериозен партнер и поддршка за сите сегменти од општественото живеење, а грижата за општото добро ќе остане да биде еден од нивните највисоки приоритети.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе