Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка и Visa со многу изненадувања по повод Олимписките игри

По повод отпочнувањето на Олимписките игри 2020, НЛБ Банка заедно со Visa започнуваат возбудлива промотивна кампања полна со подароци и изненадувања која ќе трае во период од 23.07.2021 до 23.08.2021. Visa е официјален спонзор на Олимписките игри 2020 кои минатата година беа одложени и истите ќе се одвиваат во Токио во периодот од 23.07.2021 до 08.08.2021 година.

Во рамките на кампањата клиентите ќе имаат можност за време на летото да ги искористат промотивните услови за кредитите и да ги реализираат своите планови и желби – да одат на патување, да реновираат или пак да купат нов стан и куќа.

Во рамките на кампањата сите НЛБ Visa кредитни картички (Visa Classic, Visa Gold) ќе се издаваат без членарина за првата година, пришто за секоја апликација примена во промотивниот период следува специјален промотивен подарок. Дополнително за сите клиенти кои ќе аплицираат онлајн, преку веб страницата на Банката, следува подарок ранец, а картичката за која аплицирале заедно со подарокот ќе биде доставена на нивната домашна адреса.

   

Исто така, за време на кампањата, ќе бидат организирани различни промотивни активности: специјални промоции во поголемите експозитури на Банката каде клиентите ги очекуваат многу изненадувања, како и повеќе предизвици организирани преку социјалните мрежи со многу подароци.  За да бидат постојано во тек со сите случувања и изненадувања, Банката ги повикува своите корисници да ги заследат на нивните официјални профили на социјалните мрежи и да се вклучат во специјалните НЛБ Visa активности по повод одржувањето на Олимписките игри. 

   

Со НЛБ Visa кредитните картички купувате веднаш, а зависно од Вашите можности можете да плаќате 5% или 10% месечно од износот на направената трансакција. НЛБ Visa картичките може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигнување готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Visa.

   

Повеќе информации за промотивната понуда на НЛБ Банка и Visa, клиентите можат да добијат на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе