Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка го збогатува електронското банкарство со нови функционалности

Клик кредитот отсега достапен и преку НЛБ Клик електронското банкарство.

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик - електронското банкарство. Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик - мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик - електронското банкарство.  

Имено, опцијата за аплицирање за Клик кредитите е достапна преку НЛБ Клик - електронското банкарство за клиентите кои имаат привилегија за електронско потпишување со мТокен (софтверски уред) или Токен (хардверскиот ОТП уред).

Услов за користење на кредит е клиентите да се приматели на плата или пензија во НЛБ Банка. Целиот процес е дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и дополнителна документација.  По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

 

Исто така, покрај овој новитет, електронското банкарство се проширува и со други функционалности. Отсега клиентите ќе можат да извршат електронско ажурирање на личните податоци и преку електронското банкарство, услуга која до сега беше достапна само преку мобилното банкарство и веб страницата на Банката.

 

Од Банката велат дека дигитализацијата и во иднина ќе продолжи да биде една од нивните стратешки определби и во таа насока и понатаму ќе продолжат да работат на поголема достапност, поедноставување на банкарските услуги и софистицирано корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.

 

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе