Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија

НЛБ Банка АД Скопје на денешната конференција за печат го објави своето ново едногодишно спонзорство со Одбојкарската федерација на Македонија која во моментов е во подготовки за учество на Европското првенство во одбојка – мажи 2021. Со овој договор НЛБ Банка станува Генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство.

НЛБ е континуирано посветена на поддршка и развој на спортот, како и афирмација на нашата земја преку спортски успеси, а со годишниот договор за соработка и спонзорство, Банката ќе го краси спортскиот дрес на одбојкарите за време на Европското првенство кое ќе се одржи од 1.09.2021 до 19.09.2021 година, но и на сите останати натпревари на кои ќе учествува сениорската машка репрезентација на Македонија во период од една година.
 

 

Да се биде Генерален спонзор на машката сениорска репрезентација претставува огромна чест и привилегија, особено што за неколку месеци ќе ги браниме боите на нашата земја во европско друштво. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а ние од срце веруваме во нашите момци со кои соработката ја отпочнавме уште пред неколку години и во континуитет ја градиме меѓусебната доверба. Посебно сме горди на нивниот актуелен пласман на европското првенство, и ќе ги испратиме со огромна надеж и желба за унапредување на резултатите од предходниот континентален собир. Во НЛБ Банка поддршката на спортот е една од носечките категории во сегментот општествена одговорност и неговиот развој и унапредување отсекогаш биле од голема важност. Се грижиме за домашните спортски потенцијали и инвестираме во македонските одбојкари кои ќе ги бранат боите на нашето македонско знаме во септември. Да навиваме за нив и да им бидеме ветер во грб на терените.“ - изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Изминатата година беше исклучително тешка за спортистите, посебно имајќи ги во предвид рестриктивните мерки со цел одржување на дистанца и заштита на личното и јавното здравје. Ова значеше откажување на голем број натпревари или пак одржани натпревари во празни сали без навивачката публика. Нашите одбојкари покажаа големо срце и со огромна посветеност и труд и во исклучително тешки и вонредни услови успеаа да остварат историски резултати.

Благодарни сме што НЛБ Банка ја препозна и поддржа нашата визија за што подбра презентација на Македонија и македонската одбојка во меѓународни рамки. Нашата федерација допрва ја чекаат големи eвропски натпреварувања: 2022 Европски шампионат во одбојка за жени до 19 години, во период меѓу 15.08 – 15.09.2022. Како и една група од Сениорско Европско Првенство 2023 година со што нашата репрезентација повторно ќе биде во друштво на најголемите! Се надеваме дека со несебичната поддршка и партнерство кои ги добивме од НЛБ Банка, ќе успееме да бидеме главните актери во една убава македонска одбојкарска приказна којашто несомнено ќе влезе во нашата спортска историја. Уште еднаш би сакал да Ви се заблагодарам на подршката, во мое лично име и име на една скромна федерација со големи соништа.“- изјави Петар Јовановски претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

  

Спонзорствата и донациите во спортот отсекогаш биле важен сегмент во работењето на НЛБ Банка. Нивната активност во овој дел е доказ дека тие многу добро ја разбираат потребата да се биде помагател на клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти со цел подигнување на нивото на нивната работа, како и обезбедување на соодветни услови за постигнување на посакуваните спортски резултати.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе