Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Нaградна игра на НЛБ Бaнка со Mastercard картичките

НЛБ Банка во периодот од 20.05.2021 до 30.06.2021 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard дебитните и кредитните картички за физички лица (MasterCard Standard, MasterCard Light, MasterCard Gold и MasterCard haPPy).

Во рамки на наградната игра предвидено е секојдневно да се доделуваат по 3 (три) приватни здравствени осигурувања, при што ќе бидат доделени вкупно 126 награди. Добитниците на наградата ќе имаат можност за користење на врвна здравствена заштита која овозможува бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ Mastercard дебитните и кредитните картички кои во периодот до 20- ти мај до 30- ти јуни ќе направат барем една безготовинска трансакција на ПОС терминал или онлајн на било кој износ.
Во рамките на кампањата, НЛБ Mastercard кредитните картички (MasterCard Standard, MаsterCаrd Light, MаsterCаrd Gold) ќе се издаваат без членарина за првата година на користење. 
 

„Ни причинува големо задоволство да ја најавиме оваа наградна игра каде во главен фокус ја ставивме здравствената заштита и сигурноста на нашите клиенти, која изминатиот период поради Корона кризата е примарна и од големо значење за сите нас. Ситуацијата со пандемијата ни докажа дека здравјето е најважно и за таа цел одлучивме да ги наградуваме нашите лојални клиенти со приватно здравствено осигурување - продукт кој нуди решение за целосна здравствена заштита, бидејќи полисата ги покрива трошоците за најквалитетно специјалистичко - амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата“. - изјавија од НЛБ Банка.
 

Извлекувањето на наградите ќе се одвива секој ден, а добитниците ќе бидат објавувани на веб страницата на Банката: www.nlb.mk.

 

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или на телефон 02 / 15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе