Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 29 – ти јуни (вторник).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 29 – ти јуни пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

 

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 29 – ти јуни до 02 – ри јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :

   

  • 29 - ти јуни (вторник) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 30 - ти јуни (среда) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 01 - ви јули (четврток)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 02 - ви јули (петок)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 29.6 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.


Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

14.07.2026

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026- Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките

НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум кон...

Прочитај повеќе
10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе