Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 – ти мај (среда).

Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26 – ти мај пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

 

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти мај до 31 – ви мај и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа :

   

  • 26 - ти мај (среда) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
  • 27 - ми мај (четврток) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
  • 28 - ми мај (петок)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
  • 31 - ви мај (понеделник)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.5 – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.


Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе