Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со донација за Територијална противпожарна единица во Берово

НЛБ Банка донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово. За потребите на службата, НЛБ Банка обезбеди делови за хидрант, црева, продолжетоци и спојувања, млазница и моторна прскалка - опрема која раководството на службата ја посочи како неопходна за превенција и справување со пожари.

„Пожарите во текот на летото и проблемите со кои се соочуваа противпожарните единици во земјава покажаа недостаток на потребната противпожарна опрема. Со цел да обезбедиме подобра контрола на пожарите, веднаш и без двоумење одговоривме на барањето на Противпожарната единица во Берово, поттикнати од серијата големи шумски пожари, во кои посебно беше загрозен Малешевскиот крај. Пожарите се катастрофи кои директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, шумскиот фонд и целокупниот биодиверзитет во земјата. Веруваме дека со оваа донација даваме придонес кон зголемување на капацитетите, подготвеноста и ефикасноста на единицата на противпожарна заштита во превенција и справување со пожари.“’ – велат од НЛБ Банка.

 „Малешевскиот регион изобилува со високо-стеблеста шума и пожарот кој ова лето го погоди нашиот крај навистина предизвика огромна и ненадоместлива штета. За жал, пожари беснееа низ целата земја што ја потенцираше потребата од добро обучени кадри и квалитетна опрема за противпожарните служби. Со оглед на сé повисоките температури во текот на летото, шумските пожари се и остануваат голем предизвик за единиците на противпожарна заштита и институциите. Токму затоа, упатуваме огромна благодарност до НЛБ Банка која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и излезе во пресрет на нашите барања за дополнување и обнова на нашата противпожарна опрема.“ – истакнува Сашко Руменовски, Командир на Територијалната противпожарна единица во Берово.  

 

Оваа донација на НЛБ Банка е надополнување на донацијата во медицинска опрема и лекови коja летово ја обезбеди Словенечката амбасада во Р. Северна Македонија, а беше наменета за екипите на противпожарната заштита и пожарникарите кои дојдоа на испомош од Словенија во Берово и истата претставува одличен пример на солидарност и меѓуинституционална соработка во служба на општественото добро.

 

НЛБ Банка е општественo одговорна компанија и активен чинител во средината во која делува.   Банката е силно посветена на проекти кои овозможуваат одржливост, со посебен фокус на организации, служби и институции од јавен карактер кои имаат витална улога во општеството и работат за добробит на заедницата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе