Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за упис во регистарот на вистински сопственици

Почитувани клиенти,

 

 

Во продолжение го пренесуваме во целост координираното соопштение од Македонската Банкарска Асоцијација во врска со Регистарот на вистински сопственици.

 

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГИ ПОВИКУВА КЛИЕНТИТЕ НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ ДА ИЗВРШАТ УПИС ВО РЕГИСТАРОТ ЗА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ

  

Македонската Банкарска Асоцијација ги повикува сите правни лица - клиенти на деловните банки и штедилници кои подлежат на обврската за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици,  да го извршат пријавувањето во Регистарот во законски предвидениот рок до 27.04.2021 година, со цел понатамошно непречено извршување на платниот промет и воспоставените деловни односи.

  

Регистарот на вистински сопственици кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Северна Македонија започна да функционира на 27.01.2021 година со што тече рокот од 90 (деведесет) дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици се врши електронски во Централниот регистар на Северна Македонија (https://www.crm.com.mk).

   

Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сите правни лица кои се предмет на упис во Централниот Регистар на Република Северна Македонија имаат обврска до 27.04.2021 година да извршат запишување на податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици, додека правните лица основани (регистирани) по 27.01.2021 година имаат обврска во рок од 8 (осум) дена од уписот на основањето на деловниот субјект да извршат запишување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици.

  

Обврската за внесување податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици не се однесува на:

 

трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост, правни лица во постапка на стечај и ликвидација, самостојни вршители на дејност како и правните лица чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

  

Започнувајќи од 28.04.2021 година, банките имаат обврска за сите клиенти - правни лица, да ги проверат податоците за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици и да обезбедат доказ дека е извршен соодветен упис во Регистарот на вистински сопственик.

  

Доколку клиентот - правно лице во предвидените рокови не изврши запишување на вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици, или податоците во Регистарот нема да бидат ажурирани согласно законските рокови, работењето со сметките ќе му биде оневозможено/одложено, се додека не ги запише/ажурира потребните податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот.

 

 

Со почит,


НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе