Антонио Аргир е Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје речиси 6 години, започнувајќи од 1 јануари 2016 година. На таа позиција дојде како член на Управниот одбор на Банката и долгогодишен Директор на нејзината продажна мрежа.
Во овој период од шест години, под раководство на Аргир, НЛБ Банка Скопје континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето. Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на клиентите и мотивацијата на вработените, НЛБ Банка Скопје го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како една од водечките банкарски институции во земјата. Успешното работење на НЛБ Банка Скопје се потврдува и оваа година, кога Банката, заклучно со 30.09.2021, оствари нето добивка од 27,5 милиони евра и раст на кредитите на клиентите од 7% споредено со истиот период минатата година.
Во периодот од 2016, заклучно со 30-ти септември 2021 година, НЛБ Банка Скопје има остварено добивка од речиси 180 милиони евра, а вредноста на акцијата на македонската берза се зголеми за 5 пати. Клиентската база е зголемена за повеќе од 180.000 клиенти и денес истата надминува 813.000 физички и правни лица. Остварен е исклучителен раст на вкупното кредитно портфолио од речиси 70% или околу 280 милиони евра, при што Банката претставува лидер во растот на кредитирање на населението. Истовремено, НЛБ Банка Скопје се јавува во улога на клучен носител или учесник во сите поголеми инвестициски проекти и синдицирани заеми во државата, со што ја потврдува својата позиција на стратешки партнер на бизнисот и важна алка во развојот на македонската економија.
Како лидер во дигитализацијата и иновациите во банкарството, НЛБ Банка Скопје прва на пазарот воведе низа дигитални услуги како: мобилен паричник - NLB Pay, првиот и единствен дигитален банкарски асистент - Нела, првиот и единствен мобилен кредит. Од неодамна, таа е и првата институција во земјата која има интегрирано електронски идентитет во своето работење.
Секоја година во мандатот на Аргир, НЛБ Банка Скопје го понесува признанието ЕМЕА за „Најдобра банка“ во земјата, и продолжи да биде наградувана од реномираниот финансиски магазин „The Banker“ со престижната награда „Банка на годината“, која ја има добиено 10 пати.
Кој е идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје?
Успешното работење на НЛБ Банка Скопје ќе го продолжи ново-именуваниот Претседател на Управниот одбор Бранко Грегановиќ, кој по добивање на потребните одобренија, ќе ги преземе функциите на Главен извршен директор и Главен маркетинг директор.