Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Започнете онлајн продажба со услугата за E-трговија на НЛБ Банка

Пандемијата, која го зафати скоро целиот свет, ги промени навиките и однесувањето на поединците, но  и работењето на компаниите. Во новонастанатите услови луѓето се почесто се одлучуваат да пазарат од дома користејќи ги бенефитите на Е-трговијата која стана топ тема во текот на овие неколку месеци. НЛБ Банка како дел од сетот мерки и услуги кои ги стави на располагање за олеснување на последиците од пандемијата е и бесплатното користење на платежната платформа за E-трговија како услуга која овозможува врвно корисничко искуство и висок степен на безбедност при користење.

Се работи за иновативна алатка наменета за сите правни лица и трговци кои сакаат да се во тек со современите дигитални трендови и имаат желба и можност да го прошират својот канал на продажба и да отворат своја интернет продавница кој е достапна 24/7. Услугата на НЛБ Банка за Е-трговија  е достапна без трошоци за приклучок и без трошоци за месечно одржување во првите 6 месеци за сите нови клиенти.

 

„Изминатите неколку месеци бевме сведоци како потрошувачите беа принудени драстично да ги променат нивните навики при купување. Свесни сме дека електронската трговија може да помогне во зачувување на работните места за време на кризата. За многу ресторани кои мораа да се затворат за време на пандемијата, услугите за онлајн испорака станаа вистински спас. Во голем број случаи, Е-трговијата создаде нови економски можности. Ние сме тука да ги стимулираме овие можности за нашите клиенти и да ги направиме лесно достапни и поволни и што е најважно да имаат 24 часовна професионална поддршка и одржување на оваа услуга.“, велат од Банката.

 

Она што ја прави оваа платформа современа и иновативна се низа функционалности како што се:  поддршката за безбедно зачувување на картичните податоци, иницирање на повторливи плаќања, едноставна интеграција со мобилни апликации и други.

 

Таа нуди врвна безбедност во плаќањето и функционира во целосна согласност со најновите безбедносни стандарди за сигурност на картичното плаќање  пропишани од страна на Visa и МasterCard.

Повеќе информации во врска со оваа услуга може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк. 

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе