Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра беше потпишан денеска од страна на домашни и странски банки со цел финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall, градежен проект зад кој стои вкупна инвестиција од 103 милиони евра на Балфин групацијата. Со синдицираниот заем обезбедени се 38,5 милиони евра од НЛБ Групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ Банка АД Скопје), 18,5 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка АД Скопје. Со ова е овозможена значајна финансиска поддршка за реализација на оваа инвестиција. Банка лидер на овој синдициран заем е НЛБ Банка АД Скопје, која се јавува во улога на носител на сите активности поврзани со организација, координација и управување на целокупната финансиска конструкција.

 

Со овој синдициран заем ќе се овозможи изградба на еден од најсовремените трговски центри на Балканот. East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate, кој e распространет на преку 15 хектари земјиште и опфаќа трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна планирана бруто изградена површина од над 500.000 м2, со што претставува најголемиот повеќенаменски проект во недвижности во државата.

Според г-дин Игор Давков, Генерален извршен директор на East Gate Mall, инвестицијата, за која денес се заокружи финансирањето во целост, ќе ја смени сликата за македонската ретаил индустрија.

 

„Изминатите две години напорно работевме на креирање портфолио на закупци кои во целост ќе ги задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите, не само во државата, туку и во регионот. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје ќе донесе преку 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20,000 м2, односно на приближно 40% од вкупната површина за издавање во трговскиот центар; ќе овозможи отворање трговски единици кои по својот формат и големина одговараат на форматот и големината во кои најголемите модни брендови отвораат продавници во светските метрополи, а со тоа овозможуваат и сосема поинаков квалитет и квантитет во понудата кон крајниот потрошувач. Веќе имаме потпишано комерцијални услови и договори за закуп со над 150 трговци, па така денес, повеќе од една година пред отворањето на трговскиот центар, истиот е издаден веќе над 80%, со потврдени комерцијални услови од закупците” – изјави г-дин Игор Давков.

 

Комплексот претставува модерен урбанистички и архитектонски симбол на Скопјe кој како проект има за цел да воведе нови и современи стандарди на урбаното живеење и работење. Tрговскиот центар зафаќа вкупна корисна површина за закуп од околу 57.000 м2 со 250 закупци (поединечни локали под закуп). Според планираната динамика, трговскиот центар треба да биде отворен за сезоната есен/зима 2021 година.

 

Со овој договор, НЛБ Банка заедно со Комерцијална банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје и Raiffeisen banka Албанија покажуваме дека заеднички можеме да поддржиме и реализираме големи развојни проекти и во ситуација на невидена и непозната пандемиска криза предизвикана од COVID19 вирусот. Би сакал да изразам благодарност до останатите банки учесници за стручниот и несебичен придонес во синдицираниот заем. Огромна благодарност и за најзаслужните за овој проект, а тоа е групацијата Балфин и ЕГ Mall, кои макотрпно и со огромна храброст и посветеност работат на реализација на овој проект. Навистина сме среќни и горди што сме дел од еден ваков мултидисциплинарен проект за изградба на објект кој сам по себе ќе претставува нов симбол на градот, ќе даде нова димензија на шопинг искуството, ќе донесе нови брендови, а секако ќе придонесе и за покренување на македонската економија“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Обезбедената финансиска поддршка од домашни и странски банки за изградба на East Gate Mall во услови на глобална финансиска криза, наметната од пандемијата од вирусот Covid-19 e доказ за важноста на оваа инвестиција за македонската економија и показател на стабилноста и отвореноста на банкарскиот сектор во земјава за поддршка на економско значајни проекти.

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе