Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Нови потрошувачки и станбени кредити за физички лица по повод 35 години НЛБ Банка

Почитувани клиенти,

  

НЛБ Банка оваа година прославува 35 годишен јубилеј од своето постоење и успешно работење на домашниот пазар. По тој повод, за своите клиенти, Банката воведе промотивни кредитни продукти за физички лица со пониски каматни стапки: НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка и НЛБ Станбен кредит со 35 години рок на отплата.

 

Воедно во периодот од  01.03.2020 до 31.05.2020 година, НЛБ Банка води промотивна кампања за кредити, во рамките на која клиентите можат да аплицираат за новите кредитни продукти и да ги искористат промотивните поволности, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Новите поволности и пониските каматни стапки се во насока на задоволување на потребите и барањата на клиентите. Со зголемување на периодот на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со зголемување на периодот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

 

Повеќе информации за новите кредитни продукти клиентите можат да добијат на веб страницата: www.nlb.mk , во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 600.

                        

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе