Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Групацијата стана потписник на Принципите за oдговорно банкарство на ООН за подобра и одржлива и

НЛБ стана потписник на Принципите за одговорно банкарство на Обединетите нации, со што се придружи на повеќе од 180 банки од целиот свет. Станува збор за принципи кои произлегуваат од партнерството помеѓу банките и Обединетите нации, чија задача е  воведување на концептот на одржливост во банкарската индустрија, а со тоa и индиректно влијаејќи во сите сегменти на општеството. НЛБ Банка како членка на НЛБ Групацијата ќе го следи примерот на НЛБ дд Љубљана за постепено вклучување на одржливоста во своето деловно работење.

   

Со потпишувањето на овие принципи покрај постојаната грижа за клиентите, иновативните продукти и решенија, НЛБ Групацијата како важен дел од својата мисијата ќе го има и создавањето на подобар живот и иднина за регионот каде е присутна. Процесот на интензивната интеграција за одржливост во рамките на работењето на НЛБ Групацијата е веќе започнат, и тие цврсто веруваат дека овој чекор ќе обезбеди додадена вредност за клиентите, вработените и истовремено за целата компанија.

  

Принципите на одговорно банкарство помагаат целите на Банката да се усогласат со Целите за одржлив развој на ООН и Парискиот договор за климатски промени од 2015 година. Тие треба да ја охрабрат Банката да ја интегрира одржливоста во сите сегменти на нејзиното работење и да се утврди како најдобро можат да дадат свој придонесат за создавање на одржлив свет. Ова отвора ново поглавје во работењето на Банката како и нови деловни можности за целата НЛБ Групација.

  

НЛБ, како банка потписник, се обврза да ги преземе трите клучни чекори за да го подобри своето влијание врз општеството и животната средина, и тоа: анализа на тековното влијание врз населението и планетата, одредување цели во области каде банката може да има најзначајно влијание и јавно известување за напредок.

  

За време на потпишувањето, Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ Групацијата, истакна: „Ова е важен чекор што покажува дека навистина се грижиме за регионот во кој работиме и живееме и нè обврзува во континуитет да работиме на одржливоста на систематски и ангажиран начин. НЛБ Групацијата не е само финансиска групација. Ние сме луѓе кои ја познаваат и разбираат индустријата во која работат, развиваат иновативни производи и услуги ориентирани кон клиентите, ја чувствуваат и разбираат околината, општеството и регионот во кој живееме и сакаме да придонесеме за подобри деловни услови и квалитетен живот. За нас Југоисточна Европа не е само место на картата,ние овој регион го нарекуваме и го третираме како наш дом. Срцето и разумот на НЛБ Групацијата се тука, и затоа сакаме и имаме амбиција да видиме како овој регион напредува. Сакаме да ја поддржиме оваа цел со одговорен и одржлив пристап кон нашиот бизнис и улогата што ја имаме во општеството. Цврсто веруваме дека одржливоста не е само текст на хартија, туку вистинска низа одлуки и активности кон кои се стремиме за да станеме компанија со важно позитивно влијание врз општеството и животната средина во нашиот регион, како и еден од најпосакуваните работодавци. Ќе работиме на областа за одржливост на сите пазари на кои сме присутни, со цел воспоставување регионална одржлива платформа. Сакаме да ги поддржуваме компаниите кои работат локално или регионално, кои тука ја создаваат и ја разбираат нивната улога во општеството на начин на кој и ние ја разбираме и исполнуваме таа улога“.

  

Меѓу потписниците има многу реномирани финансиски институции од повеќе од 50 земји од шест континенти. Првите банки ги потпишаа принципите само пред една година и оттогаш бројот на потписници постојано се зголемува и се шири во нови области каде што одржливоста станува се поизразена.

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

04.12.2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

На престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка Скопје ја понесе титулата „Банка на годината“ за 2025 година. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на ...

Прочитај повеќе
28.11.2025

НЛБ Банка го одбележа 40-годишниот јубилеј со гала концерт-Ноќ на музичко совршенство, и посветеност кон изноредност и заедницата

НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше ...

Прочитај повеќе
27.11.2025

NLBNext Конференција: Иднината на плаќањата и новите хоризонти

Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на...

Прочитај повеќе