Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

Во услови на пандемија на вирусот Covid-19, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички на клиентите бесплатно, без дополнителен надоместок.

  

Со оваа услуга, на клиентите им е овозможено да ја добијат обновената картичка на рака, на домашна адреса, без потреба да посетуваат експозитура. За да се овозможи оваа услуга, сите клиенти кои сакаат да ја искористат оваа можност потребно е да поднесат електронско барање за достава на картичка, преку веб страницата на Банката www.nlb.mk.

 

Во периодот до 31 мај доставата на картичките на адреса на клиентите ќе биде без надоместок.

   

„Апелираме до сите наши клиенти да се грижат за своето и здравјето на другите и да ги минимизираат посетите на експозитурите. Ве охрабруваме да аплицирате за достава на обновените картички по пошта и на овој начин заеднички да придонесеме да се избегне зголемената фреквенција во експозитурите. НЛБ Банка со низа различни мерки секојдневно прави напори за да ги заштити своите клиенти и вработени. Затоа апелираме заради заштита на здравјето доследно да се почитуваат превентивните мерки од НЛБ Банка и Министерството за здравство“, велат од Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе