Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – мКлик кредит.

 

НЛБ Банка, преку онлајн настан на своите социјални канали, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство - мКлик кредит. Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон.

 

Преку НЛБ мКлик кредитот клиентите можат многу едноставно и брзо, во само неколку чекори, да аплицираат и да добијат кредит преку НЛБ мКлик мобилното банкарство. Процесот е целосно дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и без дополнителна документација.

„Во последните неколку месеци, во услови на пандемија интензивно работевме на унапредување на дигиталните канали со цел поголема достапност на услугите на Банката и подобрување на корисничкото искуство, како и заштита на нашите клиенти и вработени. Како резултат на повеќемесечен ангажман, денес го воведуваме мКлик кредитот – прв и единствен целосно дигитализиран кредит преку мобилен телефон. Со ова направивме значителен исчекор во дигитализацијата на нашите продукти, а на клиентите им даваме единствена можност за користење на кредит согласно нивните потреби, од било кое место и во било кое време..” - истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

 

За да може да го користат мКлик кредитот клиентите треба да имаат инсталирано НЛБ мКлик мобилно банкарство, со привилегија за плаќање. По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

 

Преку мКлик кредитот, мобилно банкарство е збогатено со дополнителна и значајна функционалност и со тоа се повеќе станува незаменлив дел од секојдневието на клиентите кои на овој начин можат да ги вршат сите банкарски трансакции од комфорноста на својот дом.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе