Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите кредити за физички лица

НЛБ Банка започна промотивна кампања за сите кредити за физички лица кои ќе аплицираат до до 31.10.2020 година. Во рамки на кампањата кредитите ќе им бидат достапни на клиентите со поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка

„Промотивната понуда на НЛБ Банка е одлична можност доколку сакате оваа есен да го реновирате домот или се одлучите да го решите најважното животно прашање, а тоа е купувањето на сопствен дом. За вакви големи чекори свесни сме дека е потребен сигурен и доверлив партнер, па затоа наша задача е да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и да им понудиме поволни услови и поддршка која ќе ги охрабри да ги преземат овие битни чекори во животот“ велат од НЛБ.

  

Банката најави дека сите кредитни продукти за физички лица  ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а за сите апликации за станбени и хипотекарни кредити примени во рамките на промотивната кампања, нема да се наплатуваат трошоци за проценка.

   

Воедно по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

    

Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе