Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 30- ти јуни

НЛБ Банка во периодот до 30.6.2020 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката нуди кредитни продукти со пониски каматни стапки и поповолни услови, при што НЛБ Потрошувачкиот кредит е со 35 месеци фиксна каматна стапка, додека НЛБ Станбен кредит се нуди со 35 години рок на отплата.
   
Воедно, клиентите можат да аплицираат за кредит согласно потребите и да ги искористат промотивните поволности, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка до 30.6.2020 година.

Подолгиот периодот на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, рокот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, нуди можност клиентите да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

 
Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити. Клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк: https://bit.ly/35YwfXT
 
Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк: https://bit.ly/360o11n

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе