Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните ка

НЛБ Банка ги повикува клиентите - корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот:  https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx

 

„Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови. Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на  картичките, апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат истото  преку веб страницата на Банката. Воедно, би сакале да ги известиме клиентите кои веќе извршија ажурирање, дека нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција, а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки“, велат од Банката.

  

НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијатива преку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавање се одвива етапно и до овој момент Банката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.

 
За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе