Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпијатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

НЛБ Банка го започнува проектот „НЛБ Рамка за помош“ како одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови поради пандемијата со вирусот COVID-19, а со цел да им помогне на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од кризата.

 

Преку оваа иницијатива, НЛБ Банка ќе им овозможи на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги преку различни медиуми.

Прекинот и намалувањето на секојдневните бизнис активности, значи намалување на продажбата во тој период, намалување на приходите, а кај некои компании и намалување на бројот на вработени. Со „НЛБ Рамката за помош“, Банката ќе им овозможи на микро и малите претпријатија индиректно да ја зголемат својата продажба, да го вратат нормалниот тек на работење и да ги надминат негативните последици од кризата. Се работи за уникатен проект на ниво на сите банки на НЛБ Групацијата, со што Банката помага не само локално и самостојно како НЛБ Банка Скопје, туку координирано и заеднички со останатите НЛБ членки на едно пошироко и регионално ниво.

Нашите клиенти не се само корисници на банкарските услуги, туку се и наши партнери. Периодите на криза се моменти каде ова партнерство треба дополнително да зајакне. Преку „НЛБ Рамката за помош“ микро и малите претпријатија ќе добијат поинаков тип поддршка, која сметам дека ќе им помогне да го заживеат своето работење, и да ја зголемат продажбата на своите производи и услуги. Во рамките на проектот, на овие претпријатија ќе им овозможиме бесплатен рекламен простор за промовирање на своите производи и услуги со цел да ги доближат до потенцијалните купувачи и на тој начин полесно да се справат со силните притисоци од економската криза предизвикана од пандемијата. Ние сме Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ, со заеднички напори да се справиме со оваа ситуација. Треба да сме свесни дека во ова сме сите заедно и борбата е заедничка.“– истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

   
Сите микро и мали претпријатија кои имаат потреба од ваква поддршка можат да се пријават на веб страницата на Банката во периодот од 24 јули до 10 август. Сите апликации ќе бидат разгледувани од страна на комисија, при што ќе се се направи евалуација и селекција и ќе се изберат оние претпријатија кои ги исполнуваат условите и критериумите согласно поставените Правила на самата апликација.Избраните компании ќе имаат можност да се рекламираат во периодот од 1 септември до 31 декември.
     
Со овој проект Банката ги продолжува своите активности во доменот на општествената одговорност, кои започнаа со самиот почеток на кризата преку различни преземени мерки и донации за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 50.000 ЕУР.

   

Повеќе информации во врска со проектот може да се добијат на веб страницата на Банката www.nlb.mk, преку социјалните мрежи, на телефон 02/15 – 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе