Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик - мобилното банкарство

НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик - мобилното банкарство. Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.

„Како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар, постојано работиме на надградба на дигиталните канали и воведуваме современи, иновативни и технолошки напредни решенија. Со тоа Банката како стабилна институција која ужива висок степен на углед и доверба, користејќи го своето искуство и знаење, полека ги добива карактеристиките на финтек компанија. Со новите функционалности на клиентите им овозможуваме да го искусат најсовремениот начин на плаќање и притоа на брз и едноставен начин да префрлат пари на своите пријатели или со нив да ја поделат сметката само со бирање на телефонски број од нивниот именик. Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

 

Новите функционалности се во насока на подобрување на корисничкото искуство и имаат за цел да понудат нови, брзи и едноставни начини за плаќање, достапни во секое време. На овој начин мобилното банкарство полека го презема приматот на главен канал за извршување на сите банкарски трансакции.

 

НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица овозможува вршење на сите типови на трансакции, како и постојан увид во сите сметки на клиентите. Претставува основна апликација за комуникација меѓу Банката и клиентите и клиентите се во постојана интеракција со Банката преку различни нотификации за реализирани трансакции и приливи, пораки и известувањата. Апликацијата е достапна и може да се преземе на Google Play и Apple store.

 

Повеќе информации во врска со новите функционалности може да се добијат на следниот линк.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе