Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од  две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра. Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за правни и физички лица со цел да им обезбедат соодветната поддршка  за инвестиции за енергетската ефикасност и подобрување на конкурентноста.

Во рамки на кредитната линија за енергетска ефикасност која е наменета за физички лица, НЛБ Банка воведе два кредитни продукти за поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго Потрошувачки кредит за енергетска ефикасност, на износ до 25.000 еур и Енерго Хипотекарен кредит за енергетска ефикасност, на износ до 50.000 еур.

   

Овие кредитни продукти се наменети за  инвестиции во изведба или реновирање на куќа или стан, а со цел постигнување енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.  Со овие кредитни продукти можат да се финансираат: енергетски ефикасни прозори и врати, топлинска изолација на надворешни ѕидови, под или кров, топлински пумпи, котли на биомаса или гас, фотоволтаични системи и слично.

  

Преку кредитната линија за правни лица Конкурентност +, НЛБ Банка овозможува  поддршка на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (според ЕУ дефиниција). Инвестициите може да бидат исто така со сферата на енергетската ефикасност, но освен тоа подобни се и инвестиции во индустриски објекти кои ќе овозможат подобрување на производствените капацитети (опрема, софтвер), зајакнување на процесите и квалитетот на производите како и подобрување на конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди во согласност со ЕУ законодавството.

   

Како дополнителна придобивка на новите кредитни продукти е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20% за физички лица и 15% за правните лица. Покрај ова правните лица ќе имаат можност и за консултантски услуги преку тим од локални и меѓународни експерти ангажирани од ЕБОР кои ќе овозможат бесплатно техничко советување, како и техничка помош во областа на одобрување и верификација на проектите.

  

Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, додека Програмата за финанирање на зелена eкономија (GEFF) е поддржана од ЕУ, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

   

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на веб страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе